уторак, 29. септембар 2009.

Реката Вардар


Течение на реката Вардар Вардар, кај селото Ногаевци, велешко
Вардар има навистина композитна речна долина поради редењето на клисури и котлини една по друга вдолж нејзиното течение. Реката извира во Вруток, неколку километри југозападно од Гостивар во северозападниот дел на Република Македонија. Продолжува да тече низ градот Гостивар и котлината Полог каде се влеваат неколку притоки: Лакавица, Маздрача, Пена, Бистрица, Ракита. Потоа преку Дервенската клисура навлегува во Скопската котлина каде прима вода од Лепенец, Треска, Пчиња и Маркова Река и минува низ Скопје. Минувајќи низ Таорската Клисура каде се влева Кадина Река, Вардар навлегува во малата Велешка котлина и минува низ Велес. Овде се вливаат реките Тополка и Бабуна. Потоа преку Велешката клисура навлегува во Тиквешката котлина каде се вливаат двете нејзини најголеми притоки Црна Река од десна и Брегалница од лева страна. Навлегува во познатата Демиркаписка клисура, а преку нејзе во Гевгелиско-Валандовската котлина каде што ја преминува грчката граница, минува низ Циганската клисура, и течејќи низ Солунското поле се влева во Егејското море во западно од Солун во Егејска Македонија.


понедељак, 28. септембар 2009.

Поговорки

Македонски народни поговорки

1.Знаењето е најголемо богатство.
2.Книгата е корица на знаењето.
3.Книгата е мајка на знаењето
4.А со грнето по камен, а со каменот по грне — тешко на грнето.
5.Ај без пари си бил, ај без ум си бил.
6.Галон колку старејт, толку црнејт.
7.Бадјала работај, бадјала не седи.
8.Без здравје нема богатство.
9.Без работа, леб нема.
10.Бељата е сирак.
11.Блазе си му на умниот меѓу будалите.
12.Болниот малу јајт, ама многу арџит.
13Борџот е лош другар.
14.Брада му порастила, ама умот не.
15.Нов бунар копај на стариот не плукај.
16.Не умри магаре крај зелена трева.