четвртак, 1. октобар 2009.

Љубов




Значењето на зборот те сакам

Ми се налути за нешто,
но му се налутив и јас,
а за кавгата дозна
целиот наш клас.

Не ми беше драго,
да си признаам морам,
ама да се смириме
ако можам ќе се борам.

Тој како да слушна
дека реков баш така,
па дојде до мене
и ми рече -ТЕ САКАМ!

Срцето ми затрепери,
радосно, но и бесно,
а за разлика од него
дишев смирено и лесно.

Блескава насмевка
се појави на лицето мое.
-Што се случува-го прашав
со срцето твое?

-Во срцево чувствувам
вљубен сум во тебе
а тајната ќе ја чувам
длабоко во себе.


Љубовта.......

Љубовта е птица која насекаде лета и разнесува пораки кои остануваат врежани во срцето на секој човек. Да сакаш и да бидеш сакан е најубавото нешто на светот. Велат дека зборот Те САКАМ е само збор..но..не е така.Кога ќе го слушниме зборот Те сакам....., душата ни трепери, а срцето силно чука.
Постојат голем број бездомни луѓе кои ја немаат љубовта на родител, саканиот/саканата....братот и сестрата...Тие се во постојана беда.
Значи најдобро е да сакаш и да бидеш сакан, но не и да забораваш на саканите.




Љубовни пораки:

*Љубовта и омразата не се слепи,
туку се заслепени од огнот што
го носат.
*Љубовта не е повеќе од роман
од срцето;задоволството е неговата
приказна.
*Секогаш кога има некоја празнина
во твојот живот наполни ја со
со љубов.
*Љубовта е конфликт помеѓу
огледалата и одразите.
*Не престанувај да се смееш
дури и кога си тажен,затоа
што никогаш не знаеш кој
може да се заљуби во твојата
насмевка!
*Љубовта не треба да биде само
пламен, туку и светлина.
*Некои од најдобрите работи во
животот се невидени, токму
затоа ги затвараме очите
кога бакнуваме, плачеме или
сонуваме...
*Често најбрзите усни не брзаат
по два бакнежа подоцна.

2 коментара: