недеља, 4. октобар 2009.

Другарство

Што е другарство?

Другарчиња
се држат за рачиња.
Сонце на нивните мали лица блика
сите се смеат како на слика.

Тајни меѓусебно
си кажуваат
Кога е потребно,
помош си даруваат.

Моливи и гумички
си позејмуваат,
така е со другарството
кога се справуваат.


Во името на другарството

Во името на другарството

другарувам и подарувам .

А тоа со добро ми се враќа,

зашто другарството

и нас не сака.

Во името на другарството

песни за него пишувам јас,

нели треба да ми се возврати

за час!

Со една петка

сум наградена,

бидејќи сум посебно надарена.

Со секој другарувам,

насмевки подарувам.

Зошто е тоа така?

Затоа што во името на другарството

со добро јас враќам.

За еден аплауз

ве молам деца

за другарството да аплаудираме сега.

Другарството го сакам,

без страв и без мака.

Зошто е тоа така?

Тоа е така,

зашто имам златна рака.

Од раце другарство сеам,

и за него песни пеам.

Зошто е тоа така?

Тоа е така, затоа што сакам.

Во љубов и слога

другарувам,

и подароци им подарувам.

Зошто јас го сакам?

Јас го сакам, знај,

зашто со него другарка

ќе бидам до крај!!


Сложни другарчиња

Другар со другар

секогаш се сака.

И во невоља другар

подава рака.

Другар со другар

ако се скара,

тој мора веднаш

него да го побара.

Добрите другари

никој не може да ги скара,

а тој што ќе се обиде

веднаш прошка бара.


Другарството е птица бо лет

Другарството нема крилја

како лета?

Тоа не лета,

но во нашите срца

постојано цвета.

Другарството не е сонце,

како не грее?

Тоа ја грее среќата на сите срца.

8 коментара: