1.
Си биле две мравки и се возеле на мотор.По извесно време еднава на другава и вели:
-Стој, ми влезе бумбар во око.
2.
Си бил некој тип и се шетал низ шума со девојче за рака.Таму језиво, страшно, мрачно, магловито, а девојчето го фаќа за рака:
-Леле чичко колку е мрачно овде.
-А, што мислиш како ми е мене што треба сам да си одам?
3.
Како се вика заштитник на политичарите?
......................................
-Свети Пинокио!
4.
Како се викала Југославија после Тито?
......................................
-Титаник.
5.
Мајка му го прашува Мали Џокица дали добил петка на училиште.
-За малку ќе добиев.
Мајка му:
-Како тоа за малку?
-Па ја доби детето што седи до мене.
6.
Си бил Мали Џокица и на некое ливче напишал нешто, но на никој не давал да го види.Кога дошол класен час, класната му рекла да го прочита, а тој и рекол дека ако и го покаже ќе го прати кај директорот, но таа му рекла дека нема да го прати и така Мали Џокица го дал ливчето.Кога видела класната го пратила кај директорот.Кај директорот Мали Џокица објаснал се како било и директорот му рекол да покаже што пишувало во ливчето, а Мали Џокица рекол дека ако му каже ќе го избрка од училиште.Тој му рекол да му го покаже и Мали Џокица му го прочитал, но директорот го избркал од училиште.Кога си пошол дома М.Џ. почнал да раскажува „Тато кога бев на училиште си напишав нешто на ливче, но класната ме прати кај директорот, а директорот ме избрка од училиште“...„Е аман што пишуваше на тоа ливче“ го прашал татко му. М.Џ: Ако ти кажам ќе ме избркаш од дома. Таткото му рекол дека тој е негова гордост и дека нема да го избрка. Но откако слушнал тој го избркал од дома.
Така Мали Џокица си се шетал и еден полицаец го прашал како тоа сам да се шета во доцните часови.Тој му рекол:Абе на едно ливче си напишав нешто. Класната го прочита и ме прати кај директорот, а тој ме избрка од училиште, а татко ми ме избрка од дома. „Е што пишуваше на тоа ливче?“„Ако ви кажам ќе ме пратите в затвор“ му рекол М.Џ. Откако го прочитал полицаецот ливчето тој го пратил М.Џ. во затвор.
Така седејќи во затворот М.Џ. дошло и неговото судење. М.Џ. му раскажал се на судијата. Судијата му рекол да прочита што пишува.
И токму кога го извал Мали Џокица ливчето дувнал ветер и ливчето летнало.
понедељак, 5. октобар 2009.
Пријавите се на:
Објављивање коментара (Atom)
Нема коментара:
Постави коментар